Macedonian Times

Encourage the world

Конституиран новиот Општински комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово со новата претседателка Ивана Лазаревска

Откако беше спроведена партиската постапка за избор на нова пртетседателка на Општинскиот Комитет на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, синоќа беше конституиран новиот Општински Комитет на чело со новата претседателка Ивана Лазаревска.

Ивана Лазаревска е долгогодишен аактивист на партијата а на последните Локални избори минатата година беше кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет во Куманово

“Подготвена сум за предизвиците но и за убавината, прогресот и позицијата на жената во општеството, и нејзино секојдневно подобрување, се разбира со чесна и посветена работа! Очекувам огромна соработка со сите. Искрено верувам дека заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности.СИЛНА УЖ – СИЛНО ВМРО-ДПМНЕ ⚫️🔴🇲🇰

-соопшти Ивана Лазаревска- Претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово

>