Macedonian Times

Encourage the world

Се очекува крупен исчекор во развојот на хидросистемот “Злетовица” за обезбедување чиста вода за пиење за над 100К граѓани

Во текот на денешниот ден Градоначалниците на Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово остварија работен состанок со претставници на менаџментот на хидросистемот “Злетовица” во насока запознавање на новоизбраните градоначалници со динамиката за реализација на планираните активности но и во насока за надминување на меѓусебните предизвици кои го оптеретуваат процесот за развој на мрежата за водоснабдување со вода за пиење и вода за наводнување согласно основните намени на овој хидросистем.

Хидросистемот “Злетовица” е повеќенаменски водостопански систем и се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија, со кој се овозможи целосно користење на водниот потенцијал на река Злетовица.

Со Хидросистемот  се обезбедува  вода за пиење на преку 100.000 жители во населените места Пробиштип, Кратово, Злетово, Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово, потоа наводнување на 4.500 ха земјоделски површини во атарот на Пробиштип и Кратово и хидроенерегетско користење на расположивиот воден потенцијал за производство на околу 49.5 милиони kWh годишно, како и заштита од поплави и обезбедување на биолошки минимум.

Процесот за развој на хидросистемот е се уште во прва фаза на реализација и после 10 години од изградбата на главниот објект Браната “Кнежево”. До овој момент на хидросистемот “Злетовица” се приклучени населените места Пробиштип и Свети Николе а приклучувањето на градот Штип е во тест период каде се врши сеопфатно тестирање на квалитетот на водата која треба да се приклучи во водоснабдителната мрежа на Штип.

Остатокот од општините кои треба да се приклучат на системот имаат своја динамика за реализација на претстојните активности.

Поради приклучувањето на поголем број на корисници на хидросистемот “Злетовица” се намалуваат оперативните трошоци на јавното претпријатие што во наредните 3 години регулациски период ќе значи поефтинување на водата до крајните корисници.

Заедно со градоначалниците на Штип , Лозово и Карбинци остваривме конструктивен состанок со раководството на Хидросистемот Злетовица. Договоривме дека ќе си ги сервисираме редовно доспеаните обврски и ќе го намалиме постојниот долг. Воедно ги известуваме жителите на нашата општина дека во првата половина на 2022 година ќе започне изградба на нова филтерна станица во износ од околу 116 милиони денари и нов резервоар за вода во износ од околу 16 милиони денари , средства обезбедени преку Хидросистемот Злетовица и МЗШВ. Граѓаните на Свети Николе во наредните години ќе пијат пивка вода од висок квалитет. Нека е за аирлија.

-соопшти Дејан Владев- Градоначалник на општина Свети Николе во врска со средбата.

“Денес заедно со градочалниците на општините Штип, Лозово и Св. Николе одржавме работен состанок со менаџментот на ХС Злетовица каде ја продолжуваме соработката и понатаму. Она за што разговаравме беше и изградената филтер станицата која што има сериозни пропусти направени во минатото. Во периодот кој што ќе следи ќе се започне со изградба на цефководи до населените места и пристапен пат до филтер станицата. Техничките подготовки и имотно-правните недостатоци кои ги наследив се веќе во фаза на решавање.

Здрава и чиста вода за пиење во општина Карбинци ќе има веќе во втората половина на 2022 година. ✅

-соопшти Виктор Паунов- Градоначалник на општина Карбинци во врска со оваа средба.

За авторот на оваа статија

>