Со концерт на Македонскиот поп-рок состав Некст Тајм завршија овогодинешните 59 Рацинови средби во Велес.
Денешниот ден во Велес беше исполнет со повеќе настани и активности во чест на афирмација и чествување на делото на Македонскиот поет Кочо Рацин.
Чествувањето денеска започна во 09.00 часот со настанот симболично насловен „На гости кај Рацин“ со посета на Спомен куќата на Рацин каде што имаше читање на поезија и музичко-сценска програма.
Потоа манифестацијата продолжи со претставување на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености во 11:00h под наслов „Сите сме исти“ во Ликовниот салон во Велес.
Во 12:00h под името „Македонскиот јазик и култура – предизвици и перспективи се одржа дебата за предизвиците и перспективите со кои се соочува македонскиот јазик и култура во Ликовен салон Велес
Финалниот дел од манифестацијата се одржа во Амфитеатар Младински парк Велес:
* „Поетски митинг“ – Претставување на домашни и странски автори пред велешката публика
* Беседа за Рацин
* Доделување на благодарници и поздравни обраќања
* Поетско-драмски перформанс
* Прогласување на фестивалот за затворен од страна на Градоначалникот на Општина Велес
* Концерт на групата Некст Тајм
Завршниот настан може да го проследите во видеото пренесено од општина Велес во продолжение:
Поврзано
По барање на граѓаните откажан настапот на Јелена Карлеуша на овогодинешниот Тиквешки гроздобер во Кавадарци
Во постапка отварање на нов граничен премин меѓу Македонија и Грција
Скопската општина Кисела Вода започна проект за собирање и селектирање на отпад