Денешниот неделен ден градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев го искористи да изврши увид на состојбата на инфраструктурата на градскиот стадион во Свети Николе.
Од она што може да се забележи на терен видлива е сликата на неквалитетно изработени бетонски работи на трибината
“Го посетивме градскиот стадион во Свети Николе.
Глетката од изграденото е страшна.
Потрошени се илјадници евра народни пари а реализација никаква.Во наредните денови ќе бидат повикан изведувачот за да ја заврши работата спрема сите стандарди.Мора да го развиваме спортот во нашата општина.
Како градоначалник секогаш ќе бидам на страната на спортските друштва и спортски работници.”
-напиша на фејсбук Градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев
Поврзано
Спектакуларна завршница на овогодинешните “Рацинови средби” со концерт на Некст Тајм
По барање на граѓаните откажан настапот на Јелена Карлеуша на овогодинешниот Тиквешки гроздобер во Кавадарци
Во постапка отварање на нов граничен премин меѓу Македонија и Грција