НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 30, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Поддршка на Градоначалникот Миле Петков за работата на ФК “Слога 1934” Виница

Пренеси ја вистината

Градоначалникот на општина Виница Миле Петков во текот на денешниот ден оствари средба со фудбалерите, стручниот тим и управата на Фудбалскиот клуб “Слога 1934” Виница.

Овој фудбалски клуб во есенската полусезона во рамки на Втората Македонска фудбалска лига Исток по бројот на бодoви заврши на делба на првата позиција на табелата што е голем успех за клубот.

Градоначалникот Петков најави финансиска подддршка за клубот во наредниот период.

“Одличните резултати и делбата на првото место во Втората македонска фудбалска лига Исток беа повод за вчерашната средба со играчите, стручниот штаб и управата на ФК Слога 1934 Виница. Најпрво им честитав за досегашниот постигнат успех, а потоа им посакав и вториот дел од сезоната да продолжат во исто темпо и да не израдуваат со прво место во лигата и со тоа за прв пат Слога да биде дел од Првата македонска фудбалска лига.

За крај им гарантирав дека и наредната година општина Виница, како и до сега и понатаму ќе го помага финансиски работењето на клубот.Една и единствена ФК „Слога 1934‘‘ – Виница!”

-соопшти Градоначалникот Миле Петков во врска со средбата.

За авторот на оваа статија