НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
мај 1, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Во Велес спроведена обука за наставници за појавата на Дислексијата кај учениците

Пренеси ја вистината

Градоначалникот на општина Велес Марко Колев во текот на денешниот ден присуствуваше на интерактивната обука насловена “Дислексијата во училницата – стратегии и алатки” во организација на Општина Велес и Здруижението за дислексија Ајнштајн.

“Во тек е првата интерактивна обука на тема „Дислексијата во училницата – стратегии и алатки“ во организација на Општина Велес и Здружение за дислексија Ајнштајн. Со оваа обука се опфатени наставниците од второ одделение и стручните служби од сите училишта во Општина Велес.

Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во читањето и околу 10-15% од децата во Македонија се соочуваат со неа, а не ретко се и дискриминирани без да знаат зошто.

Токму затоа, како градоначалник, но пред се како човек кој има дислексија, се обврзав дека Општина Велес ќе биде првата општина од која ќе започнат промените за подигање на свеста и едукација на наставниот кадар. Промените продолжуваат!”

-соопшти Градоначалникот на Велес Марко Колев/

За авторот на оваа статија