НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 26, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Општина Делчево утре ќе прави втор ребаланс на општинскиот Буџет за само неколку месеци

Пренеси ја вистината

На првата седница на општинскиот совет на Делчево како прва точка на дневниот ред е ставена точката за Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година.

Ова ќе биде втор ребаланс на Буџетот на општина Делчево во 2021 година по оној ребаланс кој што советот во претходниот состав го изгласа во месец јули оваа година.

На седницата која што ќе се одржи утре (понеделник 15.11.2021 година) со почеток во 14.00 часот ќе бидат разгледани повеќе точки меѓу кои и

-Предлог-план на Програма за развој на Општина Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување;

-Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2022-2024;

-Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈКП „Брегалница“-Делчево за регулиран период 2022-2024;

-Предлог-Заклучок за усвојување на Деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“ за периодот 01.01.2021 до 30.09.2021 година;

Советот на општина Делчево исто така ќе ја разгледа и точката за

“Измени на Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево за 2022 година со Заклучок за усвојување”, со која што се дефинира планот за вработување во дтската градинка.

Исто така Советниците од делчевскиот совет ќе ги разгледуваат и точките предвидени за доделување на стипендии за ученици од СОУ “М.М.Брицо” Делчево како и студенти на универзитетите во МАкедонија од Делчево.

Исто така на Дневен ред меѓу останатите точки се и точките за именување и разрешување на членови на Надзорниот и Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево како и именување на членови на Управниот одбор на Локален историски, археолошки, етнолошки и природно-наушен МУЗЕЈ НА ГРАД ДЕЛЧЕВО-ПИЈАНЕЦ –Делчево

За авторот на оваа статија